Парите што иселениците им ги испраќаат на своите семејства во Албанија (дознаки) во периодот јануари-септември бележат значителен раст, од 71 милион евра, споредено со истот период минатата година, кога биле испратени 470 милиони евра.

Според статистиката на Централна банка на Албанија, во тоj период приливите на средства изнесуваат 541 милиони евра, што претставува највисоко ниво од 2009 година.

Споредено со истиот период минатата година, кога земјата ги трпеше последиците од пандемијата и затворањето на Европа, дознаките се зголемени за 15 отсто. Споредено со истиот период 2019 година, зголемувањето е за околу 4,5 отсто.

-Главната улога во овој тренд во однос на преткризниот период имаше првиот квартал. Во периодот јануари-март оваа година, парите што емигрантите им ги испратиле на роднините во Албанија изнесуваат 169 милиони евра, што е највисоко ниво од 2010 година, и претставува зголемување од 12,5 отсто во споредба со првиот квартал од 2019 година, наведува банката.

Влијателен фактор врз тоа се зголемените трошоци на домаќинствата за справување со здравствените последици од Ковид-19, поради што блиските во странство испратиле поголема поддршка од вообичаено во првите месеци од годинава.

Најголемиот процент од дознаките се од Италија и Грција, поради големиот број емигранти кои живеат и работат во овие земји. Но, во последните години се зголемуваат и приливите од новите земји на емиграција, главно од Обединетото Кралство и особено од Германија.