Денеска е усвоена информацијата за исплата на пензии за јули 2021. Пензионерите може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата.

Исплатата на пензиите ќе се врши според следниот редослед:

Пензии над 18.001 денари ќе се исплаќаат на 30.07.2021 (петок);
Пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27.07.2021 (вторник);

Пензии со износ од 11.001-14.000 денари ќе се испаќаат на 28.07.2021 (среда);

Пензии со износ од 14.001 до 18.000 денари ќе се испаќаат на 29.07.2021 (четврток).