Исплата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017 ќе започне следната недела. Денеска во Служен весник се објавија измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој со кои отпаѓа условот подмирени обврски кон УЈП за да се земат субвенции.

Од денеска до крајот на неделава Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија, по што ќе следува обработка на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот.

 

 

 

 

Според податоците на Министерството за земјоделство, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.

Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.

Тутунопроизводството носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишн