Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 1.972 лица исплати 61 милион денари за фармерите кои одгледуваат кози.

Станува збор за мерката „Директни плаќања за обележани грла кози“, а корисници на финансиска поддршка по оваа мерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат намалку 10 грла кози од сите категори.

Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло, односно 1.100 денари за земјоделските стопанства кои имаат пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла кози од сите категории.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.

Владата од почетокот на мандатот до денеска исплати финансиска поддршка од околу 383,3 милиони евра за развој на агросекторот.