Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади. Со исплатата се опфатени 14 830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари.

-Со оваа исплата почнуваме со континуирана исплата на директните плаќања за поднесените барања за растително и животинско производство, информира Агенцијата.

Платежната агенција најавува дека во следниот период ќе ги интензивира активностите во однос на исплатата на субвенциите за 2022 и 2023 година.