М3ДС Академијата за дигитални уметности е прогласена за еден од најдобрите едукативни центри во светот од областа на креативните индустрии од страна на организацијата The Rookies.

The Rookies ги рангираат училиштата за креативни и забавни медиуми од 2009 година со едноставна цел да им помогнат на амбициозните креативци да најдат доверливи училишта што ќе им помогнат да остварат успешна кариера во креативни полиња како игрите, визуелните ефекти, анимација, 3Д ликови и сл.

Со оваа едноставна цел, Rookies World School Rankings® , поддржана од страна на Adobe, Intel, Epic Games, Autodesk, DELL, Unity, Nvidia итн., стана доверлива и почитувана организација од страна на индустријата, кредибилна за прикажување на најдобрите образовни центри достапни за студентите денес.

Оценувањето на студентите го извршуваат сите светски студија што изработуваат филмови и игри како Disney, Sony, EpicGames, Unity, Pixar, WetaDigital, Framestore итн.и ова е нешто што е само по себе потврда дека станува збор за реално оценување на студентите.

Признанието кое The Rookies го даде на M3DS Академијата меѓу другото се заснова на опременоста на Академијата која му овозможува на секој студент да учи работејќи со најновата и најиновативната технологија.

М3ДС Академијата е основана во 2016 година од страна на Стефан Митров кому главна цел од самото основање му беше да ја создаде и развие најквалитетната едукативна установа на овие простори и со тоа да придонесе за откривање и развој на младинскиот потенцијал од област на креативните индустрии на просторот на Републиката.

Академијата нуди специјализирани образовни модули за студентите кои сакаат да бидат вклучени во креативната индустрија. Преку едукативните програми студентите се развиваат во професионални 3D уметници кои добиваат меѓународна сертификација кои уште веднаш се препознаени на пазарот на труд како исклучителни професионалци со развиено портфолио – максимално посветени на својот понатамошен развој и унапредување на својата кариера.

Студентите во текот на 12 месечните студии го изучуваат целокупниот процес на изработка на една игра или филм. Во првата половина од програмата тие ги изучуваат основите на сите креативни области и тоа доведува секој студент да се пронајде во соодветно поле од индустријата. Во втората половина на студиите, студентот се определува во која насоки би сакал да го специјализира и надгради своето знаење и токму ова доведува до крајната цел и претставува вистинска гаранција дека секој студент го дава својот максимум квалитетно и со целосна посветеност да ги изврши сите зададени задачи од страна на инструкторите.