Потрошувачите во еврозоната плаќаат повеќе со картички отколку со готовина, од почетокот на пандемијата и планираат да продолжат со практиката, поттикнувајќи подобри услови за електронско плаќање, соопшти Европската централна банка.

Новите начини на бесконтактно плаќање со картички, телефони, па дури и часовници стануваат сè попопуларни.

Околу 40 проценти од испитаниците во истражувањето на ЕЦБ изјавиле дека користеле помалку пари од почетокот на пандемијата, а 87 проценти од нив имаат намера да ја задржат навиката дури и по завршувањето на пандемијата.

Причината за ова однесување е олеснетата електронска исплата на мало како и стравот од инфекција можна инфекција со ковид-19 преку банкноти.

Анкетата е спроведена во последните две недели од јули, од 18 000 лица во различни делови на еврозоната.

Испитаниците од Шпанија и Португалија се најмногу загрижени дека можат да се заразат со вирусот преку банкноти, додека оние во Естонија, Австрија и Словенија се најмалку загрижени за овој ризик.

ЕЦБ објави и посебно истражување спроведено минатата година, кое покажува дека 49 проценти од испитаниците веќе претпочитаат картички и други начини на безготовинско плаќање, наспроти 43 проценти во 2016 година.

Само 89 проценти од испитаниците ја оцениле готовината како многу или прилично достапна, во споредба со 94 проценти од истражувањето спроведено три години порано.

Готовината веќе не се преферира во еврозоната како платежно средство. Најмалку е прифатенa од трговците во Латвија (93 проценти), проследено со Естонија, Белгија и Финска (94 проценти) и Франција (95 проценти).