За еден месец на Македонска берза истргувани се 608 трансакции во вредност од 1,9 милјарди денари или 31 милион евра. Истргувани се над 500.000 акции од Комерцијална банка, а дел од купувачите се „Адора Инжинеринг ДООЕЛ Експорт Импорт“, „Гранит АД Скопје“, „ИГМ Трејд Илија ДОО“, „Индустри сервис ДОО СКопје“. Главниот и извршен директор Хари Костов купил 500 акции.

Според информациите од Берзата, оваа компанија ја обележа трговијата на берзата предходната недела.