Владејачката партија на италијанскиот премиер Џорџа Мелони во парламентот го претстави предлог-законот за одвојување на банкарското работење со граѓаните и компаниите од инвестициското банкарство, со што суштински ќе се промени работата на кредиторите.

Предлогот на партијата Браќа на Италија дојде по колапсот на американскиот технолошки заемодавач Силиконската долина банка и спасувањето на Кредит Суис со преземање од страна на банкарскиот конкурент УБС, што ги зголеми стравувањата од системски кредитен криза што може да доведе за дополнително пропаѓање на банките.

Ваквиот предлог де факто би го вратил законот од 1930-тите, кој беше отфрлен во 1990-тите со укинување на банкарската регулатива. Критичарите во левите и десните кругови веруваат дека токму поврзаноста на традиционалното и инвестициското банкарство беше главната причина за финансиските кризи во овој век.

Да им се дозволи на банките кои работат со граѓаните и компаниите да се занимаваат со шпекулативна трговија „е крајно негативно за реалната економија и ги поткопува најелементарните принципи за заштита на социјалните и етичките основи на економијата“, се вели во предлогот на законот на Браќата на Италија.

Предлогот веќе беше во парламентот Според нацрт-законот што го видел Ројтерс, банките ќе добијат 12 месеци да го реорганизираат своето работење и да изберат дали ќе работат со граѓани и компании или ќе тргуваат со финансиски производи, пренесува АлЏезира балканс.