Владимир Путин е ре-избран за Руски претседател. Според директорот на рускиот инвестициски фонд, Кирил Дмитриев, неговиот реизбор ќе привлече нови 30 билиони долари вредни инвестиции во руската економија. Тој истакна дека резултатите од гласањето ја потврдуваат правилната економска политика на државата во изминатите години.

Претседателските избори во Русија се одржаа на 18 март, а Путин ги доби со апсолутен рекорд од 76.7% од гласовите. Под негово водство во изминатиот перид квалитетот на живот во земјата се зголеми тројно, додека меѓународниот долг се намали за 75%.

Анализите покажуваат дека покрај влошените дипломатски односи со Велика Британија, кои настанаа како резултат на инцидентот во кој Русија беше обвинета за наводно труење на екс-шпиунот и неговата ќерка, сепак Руската економија константно привлекува нови инвестиции од западните земји. Студијата покажува дека во првата половина на 2017 Руската економја привлекла околу 14 билиони долари директни странски инвестиции.