Пикап „Форд Ренџер“ изгорел вчера на бензинска пумпа во Скопје, соопшти МВР.

„На 19.03.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов” настанал пожар во патничко возило „ренџер” со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М. од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од вработените на бензинската пумпа“, велат од МВР.

На местото бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.