dogovor rusija saudiska arabijaЦените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари се спуштија на ниво од 48 долари откако Иран повтори дека нема да го заузда производството, што повторно го сврте вниманието кај инвеститорите на вишокот на глобалната понуда.

На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 41 центи на 48,31 долари. На американскиот пазар суровата нафта се тргува за 50 центи пониска цена од 47,91 долари.

На почетокот на оваа недела во фокусот на пазарот е неделната изјава на заменик министерот за нафта на Иран дека неговата земја нема да го заузда производството и извозот на нафта. Иран извезува два милиони барели на ден, без плински кондензати, а до средината на летото ќе произведува 2,2 милиони барели дневно.

Неговите изјави дополнително ја пригушија надежта дека членките ОПЕК на редовниот состанок во Виена на 2 јуни може да донесат одлука за замрзнување на производство. Воедно се неутрализира загриженоста за непланираните прекини во производството на нафта во Канада, Нигерија и Либија.

Со тоа вниманието на пазарот повторно е свртено кон вишокот на понудата, дополнително зацементирано со податоците за стагнација на бројот на нафтени извори во САД, по две години на пад.