Новата германска влада ќе наследи економија која во последните месеци бележи брз раст на активности, се посочува во денеска објавениот извештај на централната банка.

„Економијата, гладано во целост, најверојатно, ќе има поголем раст во третиот квартал отколку во пролетта“, се вели во месечниот извештај на Бундесбанк за септември.

Најголемата европска економија закрепна од слабиот почеток на годината благодарение на олеснувањето на ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесува Хина.

„Во летото 2021 година продолжи закрепнувањето на германската економија, кое започна во пролетта“, се вели во извештајот на Бундесбанката.

„Личната потрошувачка и услужниот сектор се опоравија особено силно, благодарение на ублажувањето на анти-ковид мерките, кои оттогаш се во голема мера укинати“, додаваат во извештајот.