Почитувани клиенти, поради празнувањето на Водици – Богојавление, експозитурите и филијалите на Комерцијална банка нема да работат на 19.01.2021 година (вторник).
Доколку имате потреба од подигнување и уплата на готовина можете да ги користите банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ви стојат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.
Корисниците на платежни картички 24/7 може да ја користат дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на ул. Македонија во центарот на Скопје, како и дигиталниот дел од експозитурите Бисер во населбата Аеродром и ГТЦ во Градскиот трговски центар.
Со почит,
Комерцијална банка