Првите 15 добитници на ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари во наградната игра на Халкбанк – „Освојувај награди со Mastercard“ веќе се извлечени. Најсреќните корисници на картичките од брендот Mastercard, издадени од Халкбанк АД Скопје, пред Новогодишните празници ќе можат да се израдуваат себе или некој близок со вреден подарок. Но исто така ќе можат да продолжат да вршат трансакции со своите картички и можеби освојат награда во некое од следните месечни извлекувања, или, пак, некоја од наградите што ќе бидат доделени во главното Суперфинале. Списокот на добитници на вредните награди можете да го најдете на следниот линк.

Наградната игра „Освојувај награди со Mastercard “ започна на 1 ноември и ќе трае до 28 февруари, така што следат уште две месечни извелекувања на по 15 ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари – на 12 јануари и на 2 февруари 2022 година, додека Главното извлекување е закажано за 9 март. Во него ќе учествуваат сите трансакции направени во четирите месеци на времетраење на наградната игра, а најсреќните клиенти на Халкбанк можат да освојат некоја од вредните награди – 6 Гармин часовници, 4 Мобилни телефони и 5 Ваучери за велосипед.

Во секое месечно извлекување учествува секоја трансакција направена во претходниот месец со  Mastercard кредитни платежни картички за физички лица (Mastercard Credit Contactless; Mastercard World Contactless), како и со HalkPay мобилната апликација и апликацијата GarminPay. Во месечно извлекување на 12.01.2022 година ќе бидат земени трансакциите направени во период од 01.12.2021 од 00:00 часот до 23:59 часот на 31.12.2021 година.

Со секоја поединечна трансакција со Mastercard кредитна картичка издаденa од ХАЛКБАНК АД Скопje на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали се добива една шанса за учество во наградната игра, додека со секоја поединечна трансакција преку Halkpay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање со дигитализирана Mastercard кредитна или дебитна картичка се добива тројна шанса за учество во наградната игра

Остануваат уште три шанси за добивање вредна награда! Затоа, доколку сте веќе учесник во наградната игра, продолжете да пазарувате со своите Mastercard  картички бидејќи повеќе трансакции значи повеќе шанси за награда. Оние кои досега не се вклучиле, сè уште може да се пријават, но претходно е неопходно да пополнат изјава за согласност за учество на официјалната web страна на Халкбанк АД Скопје: www.halkbank.mk.

Пријави се за учество во наградната игра и активирај ја својата супермоќ. Можеби токму ти ќе добиеш супер награда!