Јавниот долг на Србија паѓа со голема брзина, констатира глобалната бонитетна куќа Дун&Брадстрит (Dun&Bradstreet) во најновиот февруарски „Извештај за меѓународниот ризик и ефикасност на плаќање кон странство“.

 

Од ниво од 74,7 отсто БДП во 2015 година јавниот долг на Србија паднал на 63,6 проценти на крајот на 2017, што ја наведе рејтинг агенцијата Фич да го подигне кредитниот рејтинг на Србија од ББ на ББ, се напоменува во извештајот на  Дун&Брадстрит, а според соопштението на компанијата Бисноде ексклузивен застапник на таа бонитетна куќа во Србија.