japanese-yen-notesЈенот во вторникот на меѓународните девизни пазари падна на најниско ниво во однос на доларот во последните две недели откако јапонските власти повторно предупредија дека би можеле да интервенираат со цел слабеење на јенот.

Во тие околности, на вредноста на доларот се зголеми за 0,4 проценти во однос на јенот на 108,895 јени, што е највисоко ниво во последните 12 дена.

Еврото во однос на јенот се зголеми за 0,45 проценти на 124 јени, што е највисоко ниво во изминатите речиси две недели. Во однос на доларот, еврото остана повеќе или помалку непроменето на 1,1385 долари.

Јапонскиот министер за финансии Таро Асо во понеделникот изјави дека Токио е подготвен да интервенира со цел слабеење на јенот доколку осцилациите на курсевите достигнат степен до кој тие се штетни за јапонската трговијата и економијата. Истата порака ја повтори и во вторникот.