japanese-yen-notesЈенот во вторникот на меѓународните девизни пазари зајакна во однос на доларот и еврото, одскокнувајќи од ниското ниво во последните три недели, бидејќи останува нејасно дали јапонската централна банка BOJ на седницата оваа недела ќе донесе нови монетарни стимулации.

Вредноста на доларот во една таква средина во однос на јенот падна за 0,4 проценти на 110,80 јени. На слична процентна загуба во однос на јенот е и еврото, кое се тргува на 124,75 јени.

Во фокусот на пазарот се седниците на ФЕД и BOJ. Од ФЕД ,кои ќе ја објават својата одлука во среда, не се очекува да се променат каматните стапки, додека редовната дводневна сесија на ВОЈ ќе заврши во четврток.

Очекувањата за понатамошно ублажување на монетарната политика во Јапонија го притисна курсот на јапонската валута во трговијата минатата недела, но јенот почна благо да се опоравува.