Постојат знаци дека процесот на дедоларизација е започнат, но доларот ќе ја задржи својата позиција во догледна иднина, според валутни експерти во ЏП Морган, цитирани од Ројтерс и БТА.

„Со различни мерки, употребата на американскиот долар на глобално ниво останува во вообичаениот опсег – доларот е на врвот, но има одредено движење одоздола“, напишаа валутните стратези Мира Чандан и Октавија Попеску.

Учеството на доларот во вкупниот девизен волумен со кој се тргува е малку под рекордното ниво, 88 отсто, додека уделот на еврото во изминатата деценија се намали за 8 процентни поени на рекордно ниско ниво од 31 отсто. Уделот на јуанот, пак, порасна на рекордни 7 отсто. Дедоларизацијата е евидентна кај девизните резерви, каде уделот на доларот паѓа“, велат стратезите.