Санела Доневска од Конфедерацијата на слободни синдикати за „Само Прашај“ зборува за тоа каде треба да се пријави доколку работодавачот не исплатил регрес за годишен одмор (К-15).

„Доколку на крајот на годината не ви е исплатено К-15, можете да пријавите во Државниот инспекторат за труд, на нивниот телефонски број 15 131 или на нивната веб страна на којашто постои можност и анонимно да се поднесе пријавата“, вели Доневска.

Видеото е снимено во 2020 година и во него се споменува истата година, но работодавачот е должен, според Колективниот договор, на крајот од годината да исплати К-15. Значи, на крајот од 2021 година, работодавачите ќе бидат должни да им исплатат К-15, во износ од 40 % од основицата, како и што е утврдено со Колективниот договор за приватен сектор.