Evra-i-denari-14Валутата во која можете да штедите во една банка зависи од понудата на пазарот и довербата на финансиските институции во одредена валута. На пазарите кои имаат доминантна и стабилна домашна валута, која не е проследена со големи флуктуации во девизниот курс, и валута која не е загрозена од висока инфлација, вообичаено е да се штеди во домашната валута.

Исто така, предност на штедење во домашната валута за разлика од штедењето во странска валута е тоа што нема трошоци за префрлување на домашната валута во странска валута доколку се одлучите за тој тип на штедење. Кај штедењето во странска валута исто така во прилог треба да ја имате инфлацијата во овие земји.

Експертите советуваат штедачите штедните влогови да ги распоредат во повеќе валути, како би се заштитиле себе си од потенцијални инфлациски удари и курсни разлики кои може да го намалат дури и целост да го поништат ефектот на добивка од заштеди.

Дали да штедите и во која валутата, на крајот, останува на вас да процените во согласност со нивните способности. Сепак, не треба премногу да се надевате дека со штедење може да се збогатите.

Во Македонија штедните влогови изнесуваат 197 милијарди денари од кои 51 процент од вкупните заштеди на граѓаните се во денари.

И на крај вкупните депозити на депонентите во банките во Македонија се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска против вредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.