ГТЦ во информација доставена до Македонската берза соопшти дека 2022 година ја завршиле со загуба од над 600.000 евра, но во изјава за Канал 5 директорот Ѓорѓи Трајчевски тврди дека загуби немале, туку напротив ја завршиле годината со 4 милиони денари добивка.

Во писмената информација, пак, стои дека имале приходи од 3,8 милиони евра, а вкупните трошоци им биле нешто над 4,4 милиони евра, односно оставриле негативен финсниски резултат од 640.000 евра..

Трајчевски ова го објаснува како последица на амортизацијата, односно староста на објектот…

„Старост на објектот, финансиски така се гледа, како старее објектот, така амортизацијата се зголемува, а добивката, ако ја тргнеме амортизацијата на страна тогаш ГТЦ е со добивка од 4 милиони денари. – Долгови има кон добавувачи, но сето тоа се редовно се сервисира на месечно ниво.

Најголемиот дел од дуќаните на трговскиот центар се распродадени, а раководството ги има задржано 30 проценти од просторот и тоа најчесто неатрактивните локали, што дополнително го отежнува процесот во кој би се движело ова место, вели директорот..

ГТЦ кој е создаден пред половина век, со сите недостатоци, маани и предизвици на денешното време и натаму продолжува да живее.

Граѓаните велат дека порано ГТЦ бил поубав и поради продавниците во кои што можело се да се најде. Она што најмногу им пречи се рекламите кои висат на надворешниот ѕид, што е надовр од концептот на белата боја на ова архитектноско чудо, како што многумина го нарекуваат.

Пред десетина години владата на Груевски планираше да го затвори ГТЦ со барокна фасада, но по протестите на граѓаните, се откажа од намерата.