Зголемениот број на кибер напади врз трансакциските сметки на граѓаните од земјава го запали црвеното светло во банкарскиот сектор. Тие објавија серија на превентивни мерки во однос на тоа како да се заштитат сметките на граѓаните.

Официјалните информации велат дека има 2200 напади на секои 39 секунуди. Од нив значителен дел се напади врз финансиската индустрија . Засега од Народната банка велат дека успеваат да ги заштитат сметките на граѓаните и компаниите но и во иднина велат дека ќе продолжат со усовршување на дигиталните алатки кои ќе ги направат побезбни граѓаните.

„Се очекува дека новата правна рамка којашто е усогласена со правото на Европската Унија ќе го зајакне трендот на дигитализација на платежните услуги во земјата и истовремено ќе ги отвори можностите за забрзана интеграција на земјата во СЕПА и поврзување со платежната инфраструктура во Европската Унија, што ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите“

Помладите граѓани се поретко имаат готовина во нивните паричници, повозрасните пак се уште се пазарат по традиционалниот начин и плаќаат во кеш.

„Во картичка“

„Во кеш, некогаш и во картичка зависи кога како“

„Повеќе плаќаме со кеш затоа што со картичките не ни е сигурно.“

„Па пола пола, зависи каде во поголемите “

„Со картичка“

„Во поголемите маркети картичка, во малите нешто ситно кеш“

„Вадам прво од картичка, па кога одам во продавница во кеш плаќам посигурно ми е така.“

Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година.

Дел од експертите предложија да се воведе оданочување на вадењето кеш од банките и банкоматите, како мерка во борбата против сивата економија. Преку плаќањето со картичка даночниците можат да ги следат трансакциите а при користење на готовина не може да се следи трагот на парите.