money_bags_300bПричина за многуте проблеми што ги имаме поврзани со пари лежи во нашиот погрешен пристап во врска со тоа. Пол Мекан, автор на неколку најпродавани книги за тоа како можете да влијаете на себе, претставува идеи кои се однесуваат на трошење и заштеда на пари.

  • Прво штедете, па после трошете го тоа што стварно го имате – Иако ова се чини логично, сиромашните луѓе го прават токму спротивното, позајмуваат, земаат кредити. Направете план (месечен буџет) и следете го. Така можете да запишувате се што трожите за еден месец, со цел да се знае јасно на кои работи вие трошите најмногу пари.
  • Проучувајте ги богатите луѓе – Сватете како тие размислуваат и како тие се однесуваат кон парите и богатството. Прашајте за помош. Ако сте културни и фини, повеќето луѓе се подготвени да помогнат. Ако сакате да дознаете како да заработите пари, тогаш учете од некој кој има многу.
  • Редовно правете визуелизација – Замислете го она што би сакале да го имате, така што вашата потсвест може да се добие јасна слика. Прошетајте еден час дневно замислувајќи дека сте многу богати и имате се што некогаш сте сакале.
  • Секогаш зголемувајте ги вашите цели – Сонувајте и мислите на големи работи. Зголемете ги границите. Секако, ова значи дека од време на време да излезете од удобната зона во која не постои никаков ризик и да преземете чекори кои ќе ве доведат до просперитет.
  • Нека ви стане удобно да имате пари – Многумина се плашат да имаат пари затоа што се зголемува одговорноста и ризикот. Меѓутоа што поболем предизвик, толку е поголема и наградата.
  • Престанете да го сметате сиромаштвото како проблем и почните да го чувствувате како предизвик – Пазете се од старите шеми на однесување со кое се потврдува сиромаштијата. На пример, немојте да се обидете да украдете тоалетна хартија од фирмата. Тоа богат човек не би направил.
  • Прекинете да го трошите времето на небитни работи – На пример, залудно е да поминат два часа барајќи производ поевтини за 50 денари ако вашиот еден работен час вреди 100 денари.
  • Запишете ги добрите идеи одма кога ѓе ви паднат на памет – Преземете акција што е можно поскоро во спротивно ќе  ви пропадне идејата која може да ви донесе милиони.
  • Знаете ги вашите слабости – Не обидувајте се да направите сами, подобро да платите на луѓе кои се попрофесионални и од вас во таа област.
  • Секој ден, барем на кратко да се бавите со она што е ваша страст – Страста и возбудата се заразни. Работете го она што го сакате и парите ќе дојдат.
  • Исфрлете го стравот од пари – Ако вашите одлуки се водат исклучиво на пари како фактор, тогаш имате помалку слобода и флексибилност. Не плашете се да се инвестирате во идеи во кои верувате.
  • Наплатите го вашиот труд колку што стварно вреди – Некои луѓе се плашат да го наплатат нивниот труд колку што стварно вреди бидејќи тие се чувствуваат непријатно и се плашат да не барат многу. Но, на тој начин ќе работите повеќе за помалку пари отколку да имате помалку работа, а да заработите повеќе.
  • Не се откажувајте – Многумина не успеале во реализирањето на своите идеи, затоа што се откажале после првите пречки. За остварувањето на идеите најважно од се е да бидете упорни.