Растот на цената на нафтата ја зголеми и цената на плинот. Иако се формира на слободниот пазар, зависи од движењето на цената на горивата. Авто плинот се добива од дериват на дизелот и бензините, па како растат нивните цени, така се зголемува и на плинот – но секогаш е пониска, бидејќи не се плаќа акциза и ДДВ.

-Цената на плинот се формира на слободниот пазар, но е зависна од движењето на нафтата.Како растат цените на бензините и  дизелеот, така ќе се зголемува и цената на авто плинот, но е понсика од 25 до 30 денари, затоа што не се плаќа акциза и ДДВ, изјави Антон Чаушевски, универзитетски професор

Во моментов цената на авто плинот изнесува 49,5 денари. Пред само еден месец изнесувала 43,5, додека пак во октомври лани 39 денари. Во март 2020та пак, литар се продавал за 27,5 денари, што значи за 2 години цената се зголемила за 80% Двојно повиска цена за неполни 3 месеци бележи и метанот. Тој се добива од природен гас, па како расте цената на гасот на светските берзи, така се зголемува и неговата цена. На почетокот на годината литар метан се продавал за 50 денари, во моментов чини 91.  Во 2020та пак, литар се продавал за 3 пати помалку, однсно за 32 денари.

Енормен скок има и кај плинот во боци за готвење или загревање. Ако пред две години изнесувала 45 денари, на почетокот на годинава 85, за во моментов цената да достигне 96 денари за литар.

Според проценките, во државата се возат над 400,000 автомобили, од кои 60% се дизел. За оние кои возат на бензин, се претпоставува дека скоро половината имаат вградено плински уред, односно околу 100,000 возила користат плин.

Од полноќ повисока цена ќе има за возачите на дизел, за еден денар. Останатите ќе плаќаат за половина денар поевтин бензин.