Одговорот го има P2P – првата македонска платформа за инвестиции, која на 14 февруари во кафе барот ДЕУС во Битола,  ја организираше својата афтерворк журка на која беа поканети личности од различни бизнис сфери и професии кои направија одлична синергија. 

Во светот, вмрежувањето е позната алатка која ја сакаат менаџерите, сметајќи дека некогаш на такви настани успеваат да допрат до професионалци од други сфери кои можат да бидат инспиративни за некој нивни нов проект или за работата воопшто.

Ако успеете на едно место да соберете добри и квалитетни личности од различна индустрија, тоа е брилијантна шанса во една неформална атмосфера, но со многу можности да го развиете својот бизнис.

“Вмрежувањето, за секој бизнис лидер има три значења: оперативно, лично и стратешко, а времето корисно потрошено на таков настан има многу предности. Ние како P2P од самиот наш старт вмрежувањето го имаме ставено високо на листата на активности. И колку да имате релации, во ваква релаксирана атмосфера има шанса да добиете простор за размена на искуствта со многу истомисленици, кои не се во вашата бранша, а се инспиративни, како она што го работите да стане подобро. Драго ми е што ова е трет настан од ваков тип во Битола,  а имаме и неколку успешни дружења организирано и низ Македонија, така што станува мала традиција која со радост ја чекаат нашите бизнис партнери и пријатели, зошто не е предност само за нас како домаќини, туку и катализатор за нивниот бизнис со други професионалци од различна фела кои кај нас ги запознале или обновиле релации”-истакна Теодор Тодоровски извршен директор на P2P Македонија.

Менаџери во комапнии или јавни институции, основачи на компании, банкари, адвокати, доктори, дизајнери, спортисти, па и естрада присутна на овој настан е само пример како миксот во хоризонатала и вертикала на конекции, умешно создава релации во градење на еден бренд создаден за долгорочен успех.