Интервју со Ана Трајковски – раководител за организација и администрација, СН Финансиско Друштво

 

  1. Традиционалното планирање  на деловната одржливост и агилност не е доволна како подготовка за здравствената криза која го зафати светот. Како гледате на овој нов предизвик?

 

Во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски кризи, предизвикана од пандемијата, која е значително поголема од глобалната финансиска криза од пред една декада, неизвесноста поврзана со времетраењето и интензитетот на овај неекономски шок , ја акцентрира се поголемата потреба за брзо реагирање и навремено проценување на ризиците во нашето работење.

При отежнати услови на функционирање, компаниите се приморани да размислуваат неконвенционално и со примена на новите технологии да ја осигураат својата позиција на пазарот,  да обезбедат непречен тек на редовните активности и на тој начин да создадат можности за нови партнерства и настапи на нови пазари.

И ние, како финансиско друштво, како и  другите сектори на економијата во нашата земја  и пошироко, ги чувствуваме и се соочуваме со предизвиците и последиците од  еконоската криза што ја наметнува  корона вирусот.

  1. Глобалната и меѓусебно поврзаната природа на денешното деловно опкружување претставува сериозна закана, што може да резултира со губитоци на приходите на компаниите.  Кои се клучните фактори да се избегне овој ризик?

Одржувањето на ликвидноста и навременото сервисирање на обврските се клучните показатели за успешно менаџирање во вондреди услови , што едновремено подразбира преземање на чекори за детектирање на шоковите, преку изработка на стрес- сценарија и проекции за идните текови.

Поаѓајќи од фактот, дека  финансиските  друштва, за разлика од традиционалните банкарски институции, не користат депозити и евтини извори на финансирање во своето работење, намалувањето на финансиската моќ на населението дирекно се одрази на  нашата ликвидност и ја наметна потребата од константно тековно планирање и ребаланс на финансиските проекциите за 2020 година .

 

  1. Какви чекори презедовте за соочување со оваа ситуација?

Направивме стратешки план во неколку чекори кои итно ги презедовме уште на стартот на кризата. Ние, не чекавме да видиме како ќе се одвиваат работите, иако многумина вклучително и експертите говороеа дека здравствената криза за брзо ќе се надмине.

Прво направивме ребаланс на поставениот бизнис план – извршивме ревизија на поставените стратешки цели и идни парични текови кои беа поставени како таргет план за 2020 година. Изработивме проекција на отстапувањата во приходната и расходната страна во билансите и се насочивме кон бизнис стратегија која е во корелација со нашите очекувања од една страна и економските движења на глобално ниво , од друга страна.

Понатаму, направивме проценка и предвидување на ризиците – една од основните алатки за успешност на една компанија е правилното планирање на идните текови, па согласно тоа начело, изработивме  стрес-сценарија со цел стимулирање на шокови и оценка на издржливоста на компанијата.

Целосно применивме оптимизирање на трошоците, односно минимизирање на трошоците кои директно не влијаат врз спроведувањето на работниот процес и редуцирање на непродуктивните трошења во комапнијата.

Што е она на што сте особено горди во премостување на начинот на функционирање?

Гледајќи од оваа временска дистанција, поминаа повеќе месци, а 2020 година изгледа бесконечно долго, горди сме што направивме целосна реорганизација на работниот процес при што во фокусот на нашето работење беа нашите вработени. Преку реструктуирање на работниот процес, го зачувавме секое  работно место. Тоа е реткост денес. И на тоа сме бескрајно горди.

Ова беше еден од приоритетите кои ги имавме на ум уште на самиот старт. Нашата компанија SN финансиско друштво, применува начин на размислување каде што луѓето се на првото место. Прв приоритет ни беше сигурноста и доброто на вработените. Тие нема да бидат во состојба да дадат максимум од својот капацитет, ако нивното здравје и здравјето на семејството е загорозено. Критичното прашање која секоја сериозна компанија требаше да си го постави на стартот на пандемијата беше “Дали, Вашите вработени се безбедни?” и следното прашање “Дали можат да бидат на располагање за обавување на функциите кои имаат сериозна одговорност?”

SN финансиското друштво, во континуитет работи на мотивираноста на вработените, затоа што клучот на успешната компанија е добриот тим. За нас беше сосем логично, на стартот на овој хаос, да му покажеме на нашиот тим дека нивното здравје и безбедност се во нашиот фокус. Оваа препорака би му ја дала на секоја сериозна комапнија.

 

  1. Што направивте за клиентите?

 

SN финансиско друштво е комапнија која од самото формирање вложува многу во технологија и инфраструктура која само се докажа како одлична инвестиција кога започна пандемијата. Нашите клиенти не чекаа редови кај нас, ние им овозможивме да не бидат воопшто изложени на ризици и на тој начин спречувавме или го забавивме ширењето на епидемијата, барајќи целосно активирање и примена на виртуелната комуникација. Само сериозни комапнии покажаа грижливост за клиентите. Штета е да не се користат можностите кои ги нуди современата технологија и на тој начин да се загрозува здравјето и животот на луѓето за кои постоиме.

 

  1. Како гледате на идни чекори во оваа вонредна ситуација? Што советувате?

Предвидете ги идните текови – Анализирајте и следете ги промените на економски план, прилагодете се на новите трендови, дигитализирајте го работниот процес и проектирајте го бизнис планот на идните очекувања.

Прифатете ги предизвиците и запомнете: само добрата стратегија и реалната проценка на ризикот се клучот за успешно справување со последиците што ги предизвика пандемијата.

Таа е сериозен повик за будење на експерти од сите области, во глобални и локални операции на бизниси, да се мисли алтернативно и да се намалат ризиците од вакви неповолни услови.