Прашањата што никогаш нема да бидат изоставени кога станува збор за кариерата на милијардерите е: Како? Како почнале? Што работеле? Едно или повеќе работни места? Како стигнале до првиот милион?

Во овој текст ќе ги претставиме луѓето кои според организацијата Funders and Founders, во моментов се на врвот на светот на бизнисот, а чии “луди и брзи” кариери започнале без многу ветувања од продажба на новогодишни елки, кеси за отпадоци, сетови за хигиена на заби. Од една бизнис идеја во друга бизнис идеја и нова фирма речиси целата кариера водат голем број на различни компании или бизниси. Така е и денес.

ABC's "Shark Tank" - Season Five

Mark Cuban – познат како сопственик на кошаркарскиот клуб Dallas Mavericks (започнал да работи на 12 години)

  • започнал со продажба на кеси за ѓубре
  • потоа почнал да работи во бизнис со ланчани пораки
  • инструктор за диско танц
  • води паб
  • отвора фирма за компјутерски консалтинг (го заработува првиот милион)
  • влегува во интернет бизнис – емитување емисии, веб сајтови, радио (прва милијарда)
  • влегува во спортот – купува клубови
  • реалити ТВ
  • продуцира и дистрибуира филмови
  • сателитска телевизија
  • филм и театар

richard_bransonRichard Branson – познат како сопственик на Virgin Group која поседува 400 компании (започнал да работи на 12 години)

  • започнал со продажба на новогодишни елки
  • издава студентски весник
  • продава музички плочи (преку пошта со порачки)
  • отвора продавница за плочи
  • отвора музичко студио (првиот милион)
  • превзема геј клуб
  • преуредува кровови на згради во градини
  • дистрибуира филмови и видео игри
  • авиокомпанија (прва милијарда)
  • сателитско музичко радио
  • произведува перзевативи
  • рента балони за разгледување
  • издава книги
  • продава венчаници и произведува гардероба
  • произведува козметика
  • отвора ланец на фитнес клубови
  • такси служба со мотори
  • тргува со автомобили
  • отвора банка за крв
  • списание iPad
  • вселенски туризам

sheldon adelsonSheldon Adelson – познат како сопственик на корпорацијата Las Vegas Sands (започнал да работи на 12 години)

  • продавал весници
  • одржава рентани апарати за сокови и слатки
  • на хотелите им продава сетови за хигиена на заби
  • продава спреј за одмрзнување
  • организира чартер тури
  • тргува со компјутери (прв милион)
  • води казина
  • гради хотели
  • издава списанија
  • отвора казино во Макао (прва милијарда)
  • пред три години отвори комплекс хотели и казина Marina Bay Sands во Сингапур

elon-musk-tesla

 

Elon Musk – познат како основач на PayPal, SpaceX и Tesla Motors (започнал да работи на 12 години)

  • програмира видео игри
  • програмира и продава софтвер (прв милион)
  • го создава PayPal
  • произведува вселенски летала
  • произведува автомобили на струја (прва милијарда)
  • покренува сервис за користење на соларна енергија