Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари. Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.547,96 денари, на домување 10.800,18 денари, на хигиена 2.378,03 денари, на превоз 2.508,84 денари, на облека и обувки 2.176,2 денари, на култура 1.067,86 денари, а на одржување здравје 732,80 денари.

– Просечно исплатена нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438,00 денари, наведуваат од Сојузот.

Тука се поставува прашањето како просечниот Македонец народски кажано „врзува крај со крај“ со оглед на тоа дека ниту со просечната плата во државава не можат да се покријат трошоците на месечно нив, а многу од граѓаните живеат и на минималец.