Цените на основните прехранбени производи секојдневно растат, а граѓаните како да се навикнаа на овој тренд. Сепак, има разлика во цените на еден производ од еден до друг маркет.

Ценометар ја објави најновата анализа на цените на храната во маркетите во Скопје.

Килограм банани се движат од 69 – 77 денари, лимонот од 75-99 денари, доматите од 65-112 денари.

Краставици нема поевтини од 70 денари. Литар масло за јадење ќе ве чини од 135 – 155 денари. Литар млеко од 50- 70 денари. Кашкавал може да најдете по цена над 450 денари за килограм. Меленото месо е од 250 нагоре.

Сите цени низ поголемите скопски маркети може да ги најдете на следниов линк.