Вкупниот број платежни картички во Македонија на крајот на 2017 година изнесувал 1,8 милиони картички, што е годишен раст од 0,18%, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

 

Бројот на контактно-бесконтактните картички во 2017 година се зголеми речиси двојно на годишна основа и достигна учество од 27,3% во вкупниот број картички со платежна функција.

„Околку четири петини од вкупниот број картички се дебитни, а остатокот се картички со кредитна функција, задржувајќи го истото структурно учество како во 2016 година. Притоа, физичките и правните лица најмногу ги поседуваат картичките од брендот „виза“ (59%), по што следува брендот „мастер кард“ (37%) и останатите брендови (4%)“, соопшти НБРМ.