За штедните влогови на граѓаните и на фирмите, банките пресметуваат камати пониски од 1%. Завршницата на 2020 ја одбележа значаен пад на каматите за депозитите. Дали ваквиот тренд го дестимулира штедењето?

Податоците покажуваат дека вредноста на депозитната база расте и покрај падот на каматите пишува “Порталб“. На крајот од декември 2020 вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 5,8 милијарди евра.

60% од штедените влогови – во денари ..

На крајот од декември вкупните штедни влогови во банките надминаа 7 милијарди евра – историски највисоко ниво. Раст на штедењето е регистриран и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Податоците од Народната банка покажуваат дека на месечно ниво депозитината база е зголемена за 3% додека на годишно ниво растот е поголем.

– Вкупните депозити, во декември, се зголемија за 3,0% на месечна основа, под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, со малку поголемо учество на корпоративниот сектор. Споредено на годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9%, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“ – соопштија од НБРСМ.

Што покажува анализата на податоците за штедењето? Пораст има и кај шедењето на фирмите и на штедните влогови на граѓаните.

Депозити во банки

Вкупни депозити – 7.100.000.000 евра,

Депозити на население – 4.640.000.000 евра,

Депозити на коропративен сектор – 2.000.000.000 евра,

Останато – 460.000.000 евра.

Извор: НБРСМ