За 25 години Mastercard® на Комерцијална банка, во 25 дена банката одлучи да направи нешто бесценето!

Во периодот од 15-ти декември 2020 до 8 јануари 2021 година, за секоја трансакција направена со Mastercard® од Комерцијална банка на продажни места и онлајн, Комерцијална банка АД Скопје од сопствени средства ќе донира за грижа на деца со аутизам.

Со оваа кампања, за време на празничниот период банката заедно заедно со своите клиенти ќе направи нешто бесценето. Клиентите со своите картички ќе купуваат брзо, безбедно и едноставно, а Комерцијална банка АД Скопје од сопствени средства ќе донира за подобрување на животот и развојот на децата со аутизам.

Вие купувајте – ние донираме! – мотото на кампањата на Комерцијална банка и Mastercard®.

Во оваа кампања ќе учествуваат сите трансакции направени со Mastercard® картичките од Комерцијална банка за физички и правни лица, како и трансакциите направени со дигитализирана картичка преку апликацијата KomPay.

Од Комерцијална банка повискуваат: „Да направиме што повеќе трансакции и што поголема донација, а по завршувањето на кампањата ќе го објавиме собраниот износ.”

Комерцијална банка и Mastercard®, заедно за нешто бесценето.