Канада има потреба од 30.000 нови фармери до 2033 година. Тие се потребни за Канада да го одржи земјоделскиот сектор, се наведува во студијата.

Повеќе од 40 отсто од канадските фармери ќе се пензионираат во рок од 10 години, покажува студијата спроведена во соработка со Универзитетот во Гелф, Бостонската консалтинг група и Кралската банка на Канада.

Во истиот период ќе недостигаат 24.000 работници на фарми, расадници и во оранжерии, а Канада би се соочила со глад доколку не се пополни празнината.

– За да се компензира за краткорочната криза на вештини, ќе треба да прифатиме 30.000 постојани имигранти во следната деценија за да основаат свои фарми и оранжерии или да ги преземеме постојните – се вели во извештајот.

Додека бројот на земјоделци во Канада, кој беше 346.000 во 2001 година, падна на 262.000 за 20 години, земјоделското земјиште, исто така, се намалува. Работници бараат и Хрватска, Австрија, Германија, но во други сектори.