Казахстан сака да ја продава својата нафта преку Азербејџан заобиколувајќи ја Русија. Испораките би започнале веќе оваа есен.

Се работи за околу 100.000 барели дневно или 8 отсто од обемот транспортиран преку Каспискиот цевководен конзорциум (CPC) заобиколувајќи ја Русија, преку азербејџанските нафтоводи, пишува денеска агенцијата Reuters.
Последните 20 години испораките од нафта од Казахстан се вршеше преку цевководот на CPC од Новоросијск. Меѓутоа, во јули годинава затоа што тамошниот градски суд ги суспендираше операциите на CPC на 30 дена поради прекршувањето на планот за одговор при истекување на нафта, Казахстан почна да бара алтернативни рути. 
Казахстанската национална компанија „Казмунајгаз“ веќе води прелиминарни преговори со Државната компанија на Азербејџан за испораки на нафта. Казахстанската страна планира да продава 1,5 милиони тони гориво годишно преку азербејџанскиот нафтовод Баку-Тбилиси-Џејхан, додал соговорникот на Reuters.
Со тоа Казахстан би можел да продава нешто повеќе од 30.000 барели дневни, додека целиот извоз на нафтата ќе изнесува повеќе од 1 отсто од светскиот обем, или околу 1,4 милиони барели дневно. 
Покрај тоа, казахстанската страна очекува да испорачува 3,5 милиони тони нафта годишно почнувајќи од 2023 година преку азербејџанскиот нафтовод Баку- Супса кој води во Грузија. Што се однесува до цените на нафтата таа варира поради глобалните случувања.