Со шампионски настап и освоено прво место во генералниот пласман КБ тимот ги заврши Банкарските спортски игри во Охрид.

Тимскиот дух, пожртвуваноста и желбата за успех, како постојани вредности, беа клучните фактори кои изминатиот викенд им донесоа серија победи на вработените на Комерцијална банка во пресметките со тимовите од другите банки во земјава.

Комерцијална банка имаше свои натпреварувачи во сите дисциплини, а собра пет златни медали и тоа во одбојка мажи, одбојка жени, куглање мажи, куглање жени, пикадо жени, како и еден сребрен во тенис женска конкуренција и еден бронзен во шах. Со тоа нашиот тим успеа да освои најголем број поени во генералниот пласман и да се искачи на првото место.

Горди на КБ тимот, им посакуваме на колегите секогаш да бидат водени од нивната сплотеност и од желба за нови подвизи затоа што Полесно е заедно до заедничкиот успех.