Регулаторната комисија за медија во Кина, повика да се забранат дел од онлајн квизовите кои се многу популарни во оваа земја. Според нив преку овие апликации некои компании наместо да промовираат здравствени и други бенифиции кои би го зголемиле знаењето на луѓето, тие промовираат екстраваганција и сензационализам. Во некои случаи дури 6 милиони луѓе биле логирани да играат на еден индивидуален квиз.

Како овие квизови функционираат?

Игрите имаат тенденција да го следат истиот формат како на пример HQ Trivia, кој постана многу популарен во САД. Кога се играат преку мобилен телефон тие се бесплатни и секој може да ги инсталира. Тие нудат огромни награди со што го привлекуваат вниманието на луѓето. Меѓутоа она што некои не го разбираат е тоа дека, поради огромниот број на учесници има и голем број на добитници па оттаму исплатата се дели на сите и на крајот е незначителна.

Ако се бесплатни, како тогаш компаниите заработуваат од нив?

Повеќето популарни квизови се водени од гиганти како Baidu, e-retailer Alibaba, NetEase итн. Со други зборови правењето профит не е непознат терен за овие компании. За да ги одржат квизовите овие компании регрутираат потенцијални спонзори и клиенти кои ќе ги рекламираат своите производи на нивната платформа.

Пекинг веќе покрена официјална кампања против зависноста од интернет, како резултат на тоа многу онлајн квизови се веќе недостапни а земјата исто така исклучи многу веб страници кои нудеа преноси во живо и разни блогови.