kina uvozКина ќе ги намали царините за увоз на стока за широка потрошувачка за повеќе од 50 проценти во просек, со цел да се поттикне потрошувачката. Високите тарифи за увезената стока предизвикаа одредени кинески потрошувачи да купуваат стоки во странство или преку посредник. Намалувањето се гледа како можен мотив за најавените потези од страна на кинеските власти со цел да се врати барем дел од потрошувачката во земјата.

Пекинг сака да ја стимулира домашната побарувачка, бидејќи економијата е во пораст во најспоро темпо од 2009 година.

“Намалувањето на царинските давачки е важна мерка за создавање на стабилен раст и интензивирање на структурните реформи”, информираат од министерството за финансии на Кина.

Од 1 јуни царината за увоз на “западната” облека ќе се намали од сегашните 14 до 23 на 7 до 10 проценти.

Царинските давачки за увоз на ниски чизми и патики ќе биде преполовена на 12 проценти, а царината за увоз на производи за нега на кожата се намалуваат од 5 на 2 проценти.

“Овие производи се купуваат во големи количини од страна на кинеските потрошувачи во странство и потрошувачите имаат силна желба да ги купат, со намалувањето на увозните давачки треба да доведе до разумно зголемување на увозот и да помогнат да се надогради домашната потрошувачка,” се вели во соопштението од министерството за финансии.

Притоа се напоменува дека увозните давачки се само еден факторите што ја зголемуваат цената на увезената стока за широка потрошувачка во Кина.

Аналитичарите посочуваат дека потрошувачите во Кина плаќаат околу 20 проценти повеќе за луксузни стоки од потрошувачите во Европа.