kina juanКина во понеделникот го ревалвира курсот на јуанот во однос на доларот, најмногу во една деценија, само три месеци по девалвацијата која ги шокираше светските пазари, објавија во понеделникот кинеските државни службеници и медиумите.

Според кинеската централна банка јуанот во однос на доларот е ревалвиран за 0,54 проценти. Bloomberg News напоменува дека тоа е најголемо ревалвирање од 2005 година, кога Пекинг го укина фиксниот девизен курс на домашната валута во однос на доларот.

Кина сега овозможува зајакнување или слабеење на домашната валута за два проценти во однос на доларот во однос на дневниот курс на домашниот девизен пазар.

Во август кинеските власти во една недела го девалвираа јуанот скоро пет проценти, како дел од реформите чија крајна цел е пофлексибилен јуан. Овој потег ја зголеми загриженоста во странство дека кинеската економија е во полоша ситуација отколку што подходно се мислеше и дека Пекинг се обидува да го поефтини извозот за да го поттикне неговиот посилен раст.

Кина вети дека ќе ја девалвира националната валута за поддршка на конкурентноста на економијата, a тековната ревалвација треба да се гледа во контекст на напорите на Пекинг да обезбеди на јуанот статус на меѓународна резервна валута.

Властите стравуваат дека со откажувањето од контролата врз девизниот курс се откажуваат од важна алатка за управување со економијата, која во последниот квартал забележа најбавен раст во последните шест години.

За да обезбеди поголемо влијание на јуанот во меѓународните трансакции, Пекинг мора да го убеди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да го вклучи во кошницата на клучните светски валути. ММФ ги ажурира компонентите на кошницата на секои пет години, а следното е овој месец.