Претседателот на кинеската компанија кој се занимава со транспорт на енергенти (ЦМЕС) Сје Чунлин, вели дека Кина целосно го спречила увозот на сирова нафта од САД. Вашингтон и Пекинг си воведоа царини на увоз на повеќе стотина производи.

Кина беше втор најголем купувач на американската нафта.

„Ние сме од најголемите превозници на сирова нафта од САД во Кина. Претходно имавме добра работа, но сега таа е целосно прекината“ рекол Сје.

Тој со жалење констатирал дека се случила трговска војна меѓу САД и Кина и дека не е добро за превозниците на енергенти. Трговскиот спор, како што додал, ја принудува Кина да побара соја надвор од САД, така што Пекинг сега купува најмногу соја од Јужна Америка.