Кина ќе продолжи да го дигитализира својот производствен сектор и да го подобрува развојот на секторот за роботика, така што до 2035 година повеќето производствени компании со годишни приходи од над 3,14 милиони долари ќе бидат дигитализирани, соопшти Министерството за индустрија и информатичка технологија (МИИТ).

Во исто време, дотогаш водечките компании во клучните индустрии ќе бидат во раните фази на имплементација на вештачка интелигенција, според Планот за развој на паметно производство за 14-тиот петгодишен план на Кина (2021-2025), објавен од осум кинески министерства. вклучувајќи го и МИИТ.

Се очекува дека до 2035 година, големите производствени компании во Кина ќе бидат целосно дигитализирани, а водечките компании во клучните индустрии во основа ќе станат интелигентни, пренесува Меѓународното кинеско радио.

Најавен е и план за зајакнување на развојот во секторот роботика во текот на 14-тиот петгодишен план.

Планот предвидува голем напредок во секторот роботика, особено во основните технологии и производите од високата класа, со просечна годишна стапка на раст на приходите во секторот која ќе надмине 20 проценти.

Кина, исто така, ќе формира група на иновативни компании кои ќе бидат конкурентни на меѓународниот пазар, соопшти Министерството.