Трговскиот суфицит на Кина изнесува 9,89 трилиони јуани (1,44 трилиони долари) во првиот квартал од 2023 година.

Ова е скок од 4,8 отсто во однос на истиот период лани, објави Генералната царинска управа на најнаселената земја во светот.

Кинескиот извоз се зголемил за 8,4 отсто на 5,65 трилиони јуани, а најголем придонес имаат електричните возила, литиумските батерии и соларните производи.

Во меѓувреме, увозот се зголеми за само 0,2 отсто на годишно ниво на 4,24 трилиони јуани.

Во март трговската размена е зголемена за 15,5 отсто во однос на истиот месец во 2022 година, јавуваат светските медиуми.