Кина објави противмерки на увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто за 128 производи како одговор на американските царини за челик и за алуминиум, објави кинеското министерство за финансии.

Официјален Пекинг минатиот месец предупреди дека размислува за воведување царини што предизвика голема загриженост поради можно избивање трговска војна меѓу двете држави.