Кинеската централна банка ќе отвори филијала во Грција до крајот на годинава, стана јасно по средбата на шефот за европски операции на Банката, Жоу со министерот за надворешни работи, Никос Дендијас, и заменик министерот за надворешни работи за економска дипломатија, Костас Фрагонњанис, во Атина, се наведува во електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Кинеската банка е четврта најголема банка во светот. Застанува зад три други кинески банки со скоро три трилиони долари.
Грција ќе биде седмата земја што отвори филијала по Луксембург, европското седиште во Брисел, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Унгарија.