Акциите на кинеската иновативна компанија „Didi Global Inc“ пораснаа скоро за 19% денес за време на нивната прва котација на њујоршката берза, а се проценува дека овој гигант достигна вредност од 80 милијарди долари, што ја прави највредната котирана компанија од Кина на оваа американска берза од 2014 година.

Акциите на Диди беа поддржани со купување на СофтБанк, по што нивната вредност беше зголемена на 16,65 УСД, во споредба со почетната вредност на почетната јавна понуда од 14 УСД по акција.

Голема понуда од 316,8 милиони американски депозитни акции беше објавена на горниот крај на опсегот од 13 до 14 долари, со што се собраа 4,4 милијарди долари.

Појавувањето на Диди на берзата во Њујорк е најголема продажба на кинески акции во САД откако „Алибаба“ собра 25 милијарди долари во 2014 година.

Кинеската компанија Диди Глобал нуди услуги за транспорт преку мобилната апликација со оперативниот систем Андроид. Порано позната како Диди Кваиди, оваа компанија има финансиска поддршка од кинеските интернет компании Тенсент и Алибаба.

Најголем конкурент на Диди е американската компанија Убер, во која инвестираа кинескиот пребарувач Баиду и кинеската државна компанија ЦИТИК Секјурити, и која се обидува да заземе поголем удел на кинескиот пазар.

Uber во февруари објави дека губи милијарда долари годишно во Кина од конкуренцијата на пазарот.