Chinese-investment-currencyКинескиот јуан стана петта најчесто користена валута во глобалните трансакции, неговата прекугранична употреба е двојно зголемена во 2014 година. Тоа го пакажуваат податоците на Друштвото за светски интербанкарски финансиски комуникации (SWIFT).

Податоците доаѓаат во време кога Кина се обидува да го промовира јуанот како глобална валута во согласност со нејзината позиција како втората по големина светска економија, во исто време се обидува да ја задржи строгата контрола врз валутата.

Јуанот или ренминби, која до неодамна беше седма светска валута, го надмина канадски и австралиски долари и стана петта најчесто користена валута во глобалните трансакции, според наодите на SWIFT. Уделот на јуанот во глобалните плаќања во декември достигна нов рекорд од 2,17 проценти, приближувајќи му се на јапонскиот јен кој учествува со 2,69 проценти од глобалните плаќања, додава здружението.

Плаќањата во јуани минатата година се зголемиле за 102 проценти, во споредба со вкупниот раст на плаќањата во сите светски валути од 4,4 проценти. Некои аналитичари предвидуваат дека јуанот еден ден ќе биде конкурентен на американскиот долар на глобалниот пазар.

Американскиот доларот е најчесто користена валута во меѓународните плаќања со учество од 44,64 проценти за минатиот месец, по него следува еврото со 28,3 проценти, по што следи фунтата со 7,92 проценти и јапонскиот јен со 2,69 отсто од плаќањата во светот, според SWIFT.

Кина има клирингшки аранжмани во јуани со десет земји и региони и спогодба за валутна размена со 28 централни банки во светот, од кои последната беше потпишана со Швајцарската централна банка.