Такси без возач сега се достапни за изнајмување во предградијата на Пекинг, означувајќи ново поглавје во интелигентниот транспорт, објави Чајна дејли. На почетокот на март, Пекинг им издаде лиценци на кинескиот технолошки гигант Баиду и стартапот за автономни возила Пони.aи. за лансирање на услуги за такси без возач (роботакси), според вестите од 27 март.

Според Ксинхуа, ова е првпат целосно автономниот возен парк да добие дозвола да работи во метропола од светска класа, се додава во извештајот. Двете компании, и двете меѓу водечките играчи во кинеската индустрија за автономно возење, имаат распоредено по 10 автономни возила на површина од 60 квадратни километри во Јижуанг, лоцирана во јужните предградија на Пекинг, според извештајот.

Се додава дека Баиду планира да ги прошири своите автономни транспортни услуги во 65 градови во 2025 година и до 100 градови во 2030 година. Кинеската самоуправувачка такси услуга се очекува да достигне 1,3 трилиони (188,6 милијарди американски долари) до 2030 година, што претставува 60 отсто од транспортниот пазар во земјата во тоа време, пишува весникот, цитирајќи ги предвидувањата на глобалната консултантска компанија ИХС Maркит, пренесува Бета.

Хонда повлекува повеќе од 330.000 возила бидејќи грејните подлоги зад двата странични ретровизори можеби не се правилно прикачени, што може да предизвика паѓање на стаклото на ретровизорот и зголемување на ризикот од судар. Моделите на Хонда вклучени во споменатото повлекување се модели направени помеѓу 2020 и 2022 година Oдисеј и Паспорт и моделите „Пилот“ и „Риџлајн“ произведени во 2020 и 2021 година, објави АП, пренесува Политика рс.

Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата соопшти дека возилата не ги исполнуваат потребните барања кога станува збор за видливоста зад возилото. Дилерите на Хонда бесплатно ќе ги заменат страничните ретровизори на оштетените возила, а на 8 мај се очекува да бидат испратени писма за известување до сопствениците, пренесува Танјуг.