Кинескиот производител на апарати Mидеа истражува можно преземање на шведскиот бренд на апарати Eлектролукс и покрај потенцијалното политичко противење, што предизвика скок од повеќе од шест отсто на цената на акцијата на европските пазари.

Мидеа воспостави прелиминарен контакт во последните недели со претставници на шведската компанија во врска со можното преземање, изјавија за Блумберг извори запознаени со ова прашање, прнесува Хина.

Електролукс се уште не го прифатил предлогот, додаваат тие. Кинеската компанија веќе некое време е заинтересирана за Eлектролукс и би сакала исклучиво пријателски договор.

Други азиски производители на апарати за домаќинство, вклучително и јужнокорејскиот Самсунг Eлектроникс, исто така „внимаваат“ на шведската компанија. На крајот на минатата недела пазарната капитализација на Електролукс беше 4,3 милијарди долари, а на Мидеа околу 58 милијарди долари.

Евентуалниот договор за преземање ќе ја тестира способноста на кинеската компанија да направи странска аквизиција во услови на зголемен протекционизам во Европа и САД, и покрај тоа што машините за миење садови и фрижидерите не мора да се сметаат за ризик за национална безбедност.

Со купувањето на Електролукс, Мидеа само би ја дополнила својата листа на странски аквизиции. Таа кинеска компанија, со седиште во Фошан, провинцијата Гуадонг, купи контролен удел во одделот за апарати за домаќинство на јапонската Тошиба во 2016 година, а една година подоцна и во германскиот производител на роботи Кука, што предизвика загриженост кај германската влада.