Според гласовите на читателите на БанкоМетар.мк – клиенти на сите банки во Македонија – овогодишниот избор на Банка на годината 2021 година во Македонија, клиентите ја одбраа Халк Банка!

Им честитаме на победниците и сакаме да надополниме дека трката беше тесна и неизвесна до крајот. На второ место по број на гласови е Стопанска Банка А.Д. Скопје, а на трето УНИ Банка.

Вкупно гласале 1.066 читатели – што е статистички репрезентативен примерок и ја отсликува реалната слика на терен.

Фактот дека разликата во гласови е многу мала и изнесува само неколку проценти, ни укажува дека конкуренцијата е се поостра во банкарскиот сектор и неколку банки се издвојуваат како лидери на пазарот.

БанкоМетар.мк по четврти пат ја организира оваа годишна анкета и сака од име на редакцијата да им честита на победниците Халк Банка А.Д. Скопје, и со оглед на повеќегодишниот подем на банката и задоволството кое го прават кај клиентите, сметаме дека успехот не е случаен, како и резултатите од анкетата.

Во прилог целосната табела од гласањето: