Save-Money

Доколку  не сакате да ги чувате вашите пари “под перница”, треба  да знаете неколку  клучни совети  како да ја одберете правата банка за вашата заштеда. При изборот може да се направи грешка што може да ве чини скапо. Затоа ви ги нудиме следниве совети кои ќе ви помогнат во вашиот избор:

  1. Проверете ги понудите на сите банки – само на овој начин ќе бидете во можност да ја изберете најдобрата опција за вас. Кога станува збор за штедење, најповолна понуда е онаа што ја нуди највисоката каматна стапка.
  2. Орочувајте ги вашите средства во Неделата на штедење – избегнувајте ги продолжените акции на банките за орочување, затоа што ваквиот потег може да ви создаде проблеми при повторно реорочување по стимулирани каматни стапки доколку продолжените акции на банките не се повеќе актуелни.
  3. Не орочувајте повеќе од 30 000 евра во една банка – Фондот за осигурување на депозити на Република Македонија врши обесштетување на осигурените депозити со износ до 30.000 евра во денарска противвредност по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на укинување на дозволата за работење на банката.
  4. Избегнувајте конверзија на валути – доколку има уште поатрактивна понуда на каматните стапки на депозити во други валути, секогаш имајте на ум дека секоја конверзија на валута има трошоци во вид на процент од вкупниот износ на конверзија. Врз таа основа, треба да се пресметаат трошоците и придобивките на потенцијалните заштеди во други валути.
  5. Избегнувајте рокови пократки од 12 месеци – ако планирате да штедите на долг рок, единствено заштедите орочени на 12, 24 , 36, 48 и 60 месеци за време на неделата на штедење ви овозможува да ги реорочите вашите заштеди под стимулирани услови и следната година.
  6. Подолг рок на орочување значи и поголеми приноси – земајќи ги во предвид трендот на опаѓање на каматните стапки на домашните комерцијални банки, орочувањето на долг рок носи повисоки приноси и помалку загриженост при повторно орочување.
  7. Проучете ги подароците на банките со штедењето – често банките за промоција на атрактивни понуди со заштеда нуди и подароци, кои обично се состојат од поволни услови за други производи на истата банка. Имајте на ум дека овие производи обично носат дополнителни трошоци кои можат да го намалат приносот на средствата кои се орочени.
  8. Камата однапред е добар поклон – ако имате две банки кои нудат исти каматни стапки на орочените депозити, од кои едниот вклучува плаќање на камата однапред  без посебна анализа треба да ја изберете банката со исплата на камата однапред, дури и ако тоа значи истовремено орочување на заработената камата. На овој начин, вкупниот принос станува повисок за истиот износ на средства.